петок, 21 ноември 2008

Студентски Реформи

Ви приложуваме дел од колумната на сегашниот Заменик на претседателот на Владата (тогашен блогер), Ивица Боцевски, во која го искажува својот став во врска со важноста од студентска реформа, слобода на говор и отворена критика.

.............,, Од огромна полза за општеството е овој студентски парламент да има најголема можна партиципативност од сите сегменти на студентската популација. Оваа партиципативност создава разновидност и дава едно далечно ехо на времето што доаѓа. За секоја политичка елита од огромно значење е да има активна студентска популација, изложена на глобализираниот свет, која ќе го предизвикува поредокот, институциите и владините програми од свои позиции. Макар колку и изгледаат радикално, од денешна перспектива, студентите од историската 1968 година, неповратно го променија светот. Степенот на демократизацијата на западните општества, како и сите аспекти на актуелната западна култура се производ на оваа историска генерација
Во Македонија студентските протести изостануваат и покрај изобилието од теми што можат да бидат предмет на интерес на оваа популација. Изостануваат и студентски публикации, манифестации, магазини, весници и Интернет-презентации. Не верувам дека не постои вишок енергија, ентузијазам и адреналин, туку едноставно самиот систем е така дизајниран да го маргинализира избликот на студентската енергија и да го контролира студентското движење наместо да му ги стави на располагање сите медиуми за негово изразување и акција.

Од овие причини ми останува само повторно да ја искажам својата поддршка за иницијативата за студентски парламент. Оваа и ваква студентска организација како денешната и самата ќе се распадне под својата тежина, бидејќи веќе е ирелевантна за студентското живеење. Им останува на иницијаторите да бидат упорни и да успеат во својата идеја да направат разнобојни и бучни универзитети, да ги предизвикуваат авторитетите и да бараат отчетност за своите пари. Време е веќе еднаш да се стави крајот на ваквата студентска организација која досега беше регрутен центар за неинвентивни политичари, речиси секогаш прорежимски „дадаисти“ и „климоглавци“, еднакво безлични и аглести. Мојата генерација не успеа да го стори тоа, дури и во демократска Македонија, но сегашните ја имаат таа шанса. ,,

За интегрална колумна овде:
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=70032A00FCB3AB4A9A4FF4AA53B03165

5 коментари:

Анонимен рече...

e da... ama ivica sea sigurno misli deka samoil e najbolji lek za studentskoto organiziranje...

Bi sakal da go prasam g-dinot. Ivica dali seuste stoi zad svoite stavovi... ama sho ke se zamarame sea, ladno e

Анонимен рече...

:) Aj da go prasame. Mislam deka ke se sekava, ama nema da saka da se sekava.

Ал рече...

http://spukm.blog.com.mk/

Забележете го постот:
Трибина "Универзалните вредности и современото живеење"

Објавено е помалку од 24 пред настанот. И до моето видување, значи 10 дена подоцна е видено ЦЕЛИ 18 пати.
Понатаму, го симнав документот....
И гостин е - та-да.... некој поп.

Отвореноста на организацијата кон студентите е на високо ниво... :)

Во претходните постови, како да имаше коментари, кои воопшто не беа некултурни, и сега како да ги нема...

Да, СПУКМ сака да го чуе гласот на студентите...

Анонимен рече...

i bravo za MOF bocevski ve isfalil pred nekoe vreme i sea raduvajte se.... ama mnogu skoro ke placete site eden po eden = 5 do 10 luge

Анонимен рече...

Se kladam deka i tie 18 gi izgagale preku ovoj blog :D