вторник, 4 ноември 2008

Новата управа на Правниот Факултет со противзаконска одлука присвојува студентски пари!

За разлика од претходно, генерацијата на студенти 2006/2007 присилена е повторно да ја запише четвртата година, за која повторно се плаќа партиципација, и секако, неизбежните 200 денари за солидарна одговорност. Имено, преку кратко соопштение срочено на две реченици и залепено на вратата на студенски прашања, со кое се соопштува дека "студентите за полагање на испити од октомвриска сесија треба повторно да ја запишат академската година", без притоа да се наведе основаноста на одлуката, управата на Факултетот добива екстра-приход спротивно на Законот за високо образование.


Според чл. 180, став 2 од Законот за високо образование (Сл. Весник на РМ бр. 35/08): Студентите запишани според студиските програми до денот на влегување во сила на овој закон, можат да ги завршат студиите под услови кои важеле при уписот, но најдоцна во рокот определен за изведување на студиската програма, продолжен за две години, а студиите на високите стручни школи до истекот на студиската 2009/2010.


Значи, Законот е јасен - старите услови важат до утврдениот рок, продолжен за две години, што значи дека студентите запишани во студиската година 2006/2007, имаат рок да завршат до крајот на студиската година 2008/2009. Иако беше потпишана петиција по ова прашање, Управата на Факултетот не го промени своето решение, кое и дозволува да присвои проценета сума од 50.000 евра.

4 коментари:

Unknown рече...

Ги имам сите документи дека управата на правниот факултет незаконски го спроведе ова решение,исто така ги пријавивме и во инспекторатот за високо образование и во министерството за надворешни работи меѓутоа сите го премолчеа случајот што укажува на тоа дека постои договор помеѓу факултетот и министерството да компензираат на некој начин поради тоа што министерството не дозволи да се продолжат квотите за запишување на студенти во прва година, па новата факултетска управа мораше на некој начин да ги прибере парите што веќе и се проектирани во буџетот за оваа година!!! Секако дека ова не е начинот да се стори тоа и најверојатно тие ке бидат дадени на телевизија поради тоа што ова е невидена корупција од мега размер и тие што го осмислиле ова сценарио(читај Деканат на Правен факултет Скопје) треба најстрого да бидат казнети! Сите документи што ги имаме се на наша страна и сите на кои им се пожаливме не игнорираа.Зарем вака треба да се однесува државата спрема својата младина!!! Ние веќе го изедовме стапот но нема да се смирам се додека самонаречените интелектуалци од Јустинијан Први не платат за тоа што го прават бидејќи доколку замижам пред ова ќе треба уште на стартот од својата правничка кариера да го заборавам се она за што сум учел на овој факултет,а тоа е дека правдата е пред се и сите треба да бидат третирани еднакво пред законот!!! Но очигледно елитистите кои го водат овој факултет забораваат на основните принципи на правото!!!

Unknown рече...

Јасно е дека Управата не е во право. Може да се направи нешто конкретно, да се направи група дипломирани студенти кои ќе го тужат Факултетот за кршење на Законот за високо образование. Истовремено, да се бара компензација за сите кои веќе платиле.

Unknown рече...

Тоа е сето ок сто го предлагаш,но знаејќи какви сме ќе трреба многу работа за да се крене бунтовничкиот дух на студентите!!!

Анонимен рече...

Da ste truzele, kje ste go dobiele sporot. Ako fakultetot direktno krsi Zakon, tuka nema beganje. Presudata bi bila - da vi gi vrati fakultetot site pari koi neosnovano vi gi naplatil, plus da vi plati zasto prakticno iznudil pari od vas, i plus, da plati kazna na drzavata za vakvite nezakonski cekori. Fakultetot e avtonomen (ne zavisi od drzavata, tuku od parite na studentite) i toa znaci deka odgovara pred drzavata za krsenje na zakonite.
No, se dodeka si kjutite i ne prezemate nisto, samite ste si krivi i zatoa nemojte da se zalite.