Се собравме сите тука да му оддадеме последна почит на Студент ФМ. Почивај во мир...
Ректоратот поддржан од Студентскиот Сојуз неодамна му стави клуч на Студентското радио, и им покажа на студентите дека нивната слобода на изразување не е толку важна.
Од ректоратот викаат дека го затвориле радиото пошто им фалеле парички. Универзитетот оваа година не беше лишен од партиципација и не е западнат во некаква финансиска криза. Каде исчезнале тие пари? Зошто УКИМ не може да одвои минимален дел од буџетот (неколку илјади евра) за нешто од толкаво значење за студентите?
Универзитетско радио е една прекрасна работа што постои во демократските земји. Тоа служи за студентите да ги слушнат новостите на универзитетот, да си ги кажат маките и да се опуштат со добро музиче додека учат.
Затворањето на Студент ФМ е
негирање на слободата на изразување на студентите.За да биде трагедијата поголема, Студент ФМ беше единственото место на универзитетот каде студентите од Електро и новинарите можea практично да работат и да си го научат занаетот.
Што е следно? Ќе ја укинат сцената на ФДУ? Ќе ги затворат салите на ДИФ?
Затворањето на Студент ФМ значи
намалување на квалитетот на образованието.Главната цел на студентските претставници е да се борат за подобро образование и слобода на студентско изразување. Сепак тие (студентскиот сојуз) го поддржаа ректоратот во затворањето на радиото.
Претседателот на студентскиот сојуз (инаку верен читател на блогов)
изјави:"Причина за тоа е заради тоа што се избега од концептот заради кој беше отворено радиото и таму се случуваат некои работи кои се вон студентско однесување."
• Радиото е одобрено од советот за радиодифузија.
• Уредникот е професор на Правниот факултет, а заменик уредникот е професионален новинар.
• Вработените се професионално истакнати и академски одликувани студенти кои својата работна задача ја извршуваа најпрофесионално и најодговорно, под надзор на уредниците и советот за радиодифузија.
• Радиото успеваше со неколку илјади евра годишно и со застарена и несоодветна опрема да понуди 24 часовна непрекината програма (со говорни емисии од 08 до 20 секој работен ден) – Комерцијалните радија го прават тоа со десет пати поголем буџет и неспоредливо поголеми технички капацитети!
• Радиото претставува единствениот медиум којшто известува за сите пост-дипломски студии, размени на студенти и достапни стипендии за студентите на УКИМ (можеби ова не му одговара на некој?!)
• Програмата се состои од интервјуа со декани и професори (веројатно тие се оние кои се однесувале нестудентски), културно музички емисии, дебати и вести од факултетот.
Но сепак има надеж! Претседателот на сојузот
изјави:"Студентското радио ќе почне со работа за најмалку месец дена со нова програма и нова структура комплетно“
Значи фраериве од сојуз сакаат да го
реактивираат радиото за кое ректоратот тврди дека нема пари. Разликата од Студент ФМ е што ќе има нова структура (луѓе) и нова програма.
Слушателите и советот за радиодифузија немаа проблеми со програмата, а сојузот не е тој што треба да каже што е добра програма. Од изјавата за реактивирање се гледа дека пари има. Значи останува "структурата". Студентското радио беше затворено за сојузот да стави свои луѓе, да ја контролира содржината и да ги контролира студентите.
Заклучок: Сојузот го поддржаа затворањето на последниот вистински студентски медиум за да отвори уште една берберница и да го забрза процесот на стрижење.
Дополнително читање:
http://www.kurir.com.mk/index.php/vesti/makedonija/5612-univer-radio-pod-kluchttp://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=43104&kategorija=1http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99522